Седници на Управен одбор на МНД – Битола 2020 – 2022

Управниот одбор на МНД – Битола, првата седница во новоизбран состав ја одржа на 14.10.2020 година, а на дневен ред беше утврдување на динамика за избор на секретари на Одделенијата на МНД – Битола како и предлог Програма за одбележување на 10-ти Ноември – Светскиот ден на науката.

Втората седница на Управниот одбор на МНД – Битола  се одржа на 10.11.2020 година и притоа се донесоа следните одлуки : Одлука за формирање на Уредувачки совет на списанието „Современи дијалози“, Одлука за назначување на секретари на одделенијата на МНД – Битола како и Одлука за почнување на постапка за прием на редовни членови на МНД – Битола. На оваа седница беа одржани он-лајн обраќања од страна на проф.д-р Цветко Смилевски, претседател на наставно – научниот совет на БАС Институт за менаџмент – Битола и проф. д-р Ленче Петреска, ректор на МСУ „Гаврило Романович Державин“ – Битола по повод одбележувањето на 10-ти ноември – Светскиот ден на науката.

Третата седница на УО на МНД – Битола се одржа на 23.12.2020 година, а на дневен ред беа : Утврдување на роковник за поднесување на идеи за годишна програма за работа на МНД – Битола за 2021 година и беше донесена одлука за прием на редовен член во одделението за општествени науки како и одлука за почнување на постапка за прием на редовен член во одделението за лингвистика и литература. Д-р Невена Груевска , пратседател на МНД – Битола исто така даде информација за извршената промена на овластено лице на МНД – Битола.