проф. д-р Тони Соклевски

КRATKA БИОГРАФИЈА

Проф. д-р Тони Соклевски

 

Роден е на 31.10.1971г. во Битола каде завршува основно и средно образование како најдобар ученик на генерациите од 1985/86 до 1989/90. Дипломирал на Технички факултет во Битола, насока општо машинство, а во 2006 магистрирал Менаџмент во образование на Педагошкиот факултет во Битола со просек 10,00. Докторирал на ИСППИ во Скопје во 2014г. и се здобил со титулата доктор на менаџмент. Работел во иновативни и престижни претпријатија, како наставник во основните и средните училишта во Битола и како координатор на Светската банка, Холандската влада и МОН. Од  2007 година избран е како наставник во наставните области Оперативен и Проектен менаџмент на Бизнис академија Смилевски- БАС, каде ги извршувал функциите на раководител на одделението во Битола и Заменик директор. Визитинг професор е на Универзитетот во Белград. Во 2013 година од основачите на БАС ја добива плакетата за особен придонес во градење на општествената одговорност на институцијата. Самостојно водел над 20-тина меѓународни и национални проекти. Добитник е на високи награди од најразлични области, има богато обучувачко и консултанско искуство и автор е на над 100 научни и стручни трудови во меѓународни научни списанија и конференции.Од 2017 година е директор на БАС Институтот за менаџмент во Битола, а од 2018 година е член на Надзорниот одбор на МНД Битола.

 

Born on 31st of October, 1971 in Bitola where he completed his primary and secondary education as the best student of his generation. He graduated General Engineering on the Technical Faculty in Bitola. In 2006 gained a Master degree in Management of Education on the Pedagogical Faculty in Bitola with average grade 10.00 and in 2014 gained his PhD diploma on the ISPJR in Skopje. He received the title of Doctor of Management. He worked in innovative and prestigious enterprises: as a teacher in primary and secondary schools in Bitola, and  coordinator of the World Bank, the Dutch government and MES. Since 2007 and now on he was elected as a professor in the field of Operational and Project Management in the Business Academy Smilevski- BAS, where he performs managerial functions of the department in Bitola and is a Deputy Director of the Academy. He is a visiting Professor at the University of Belgrade, Technical Faculty in Bor. In 2013 receives a plaque for outstanding contribution in building social responsibility of the institution from the founders and owners of the BAS Academy. He has completed over 20 international and national projects on his own and received high awards; he has extensive remedial training and consulting experience and is the author of over 100 scientific papers in international journals and conferences. Since 2017 he is director of BAS Institute of Management in Bitola and from 2018 he is a member of the Supervisory Board of MND Bitola.

Close Menu