м-р Никола Главинче

М-р Никола Главинче

роден е во 1987г., во Битола, каде заврши основно училиште. Средно образование заврши во Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008г., каде во 2010г. магистрира на насоката за казнено право.

Моментално е студент на докторските студии по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

Во досегашниот период бил активен во повеќе организации и институции и тоа:

1999 – 2001г. – претседател на Еколошкото друштво на основни училишта „Колибри“ во Битола,

2002 – 2005г. – претседател на Младинскиот aктив при Гимназија „Јосип Броз Тито“,

2003 – 2006г. – член на Управниот одбор на Француската алијанса во Битола,

2003 – 2006г. – член на Коалицијата за борба против трговија со луѓе „СЕМПЕР“ – Битола,

2004 – 2009г. – портпарол на Детското ликовно студио „Мал Битолски Монмартр“,

2011г. – примен за член на Македонското научно друштво Битола во одделението за правни науки.

Бил активен и во универзитетската односно студентската средина и тоа:

2005 – 2009г.  – член на Наставно – научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ како претставник на студентите од својата генерација,

2005г. – учесник на Студентската научна конференција на студентите од Правните факултети при УКИМ и Универзитетот Ломоносов од Москва, Русија во Охрид, 2005г.,

2006г. – учесник на обука за лидерство и комуникација во Универзитетите во Р.Мадедонија во организација на Данскиот совет – Скопе, во Маврово, Охрид, 2006г.,

2007 – 2009г. – член на Комисија за евалуација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје од редот на студентите,

2008г. –  претседател на Комисијата за изготвување на нормативни акти за реформа на Сојузот на студенти при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје,

2008г. – учесник на студентската конференција во Белград по повод 200 години од формирањето на Универзитетот во Белград, Србија, 2008г.,

2008 – 2010г.  – член на Комисијата за евалуација на Правниот факултет „Јустинијан Први„ Скопје,

2009 – 2011г. – избран за Студентски правобранител на Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ Скопје,

од 2008г., е демонстратор по предметот Казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први„ Скопје.

 


 

Библиографија

 

Автор на трудовите:

научен труд – „Обвинети за песна“, Зборник во чест на проф.д-р Ѓорѓе Марјановиќ, Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје, Скопје, 2010г.

научен труд- „Пропорционалноста на одбраната и нападот како услов за постоење на нужна одбрана“, Зборник во чест на проф.д-р Никола Матовски, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Скопје, 2011г.

 

Автор на книгите:

„Наследството од сликарот“ (2010г.) посветена на акад.сликар Б.Траиковски

„Адвокатурата и адвокатите во Битола“ (2011г.),  коавтор со Сотир Главинче