м-р Марија Стојаноска

Кратка биографија

Марија Стојаноска (родена на 23.01.1995 во Прилеп) е професор по македонски јазик и книжевност. Дипломира во 2017 г. на тема Македонскиот јазик во колумните, а магистрира во 2021 г. на Педагошкиот факултет во Битола, бранејќи го магистерскиот труд со наслов Насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик (лингвистичка анализа). Во академската 2016/2017 година таа е прогласена за најдобар студент на генерација на Педагошки факултет – Битола. Има истражувано на различни области од јазикот и како резултат на тоа има напишано седум академски трудови, објавени во зборници од интернационални и домашни конференции. Во академската 2019/2020 година е избрана за демонстратор на Педагошки факултет – Битола и држи вежби по неколку предмети.

Short biography

Marija Stojanoska (born on January 23, 1995, in Prilep) is a Macedonish language and literature teacher. She graduated in 2017 on the theme Macedonian language in the columns and she received her master’s degree in 2021 at the Faculty of Education – Bitola, defending her masterʼs thesis entitled Titles in electronic media in the Macedonian language (linguistic analysis). In 2017 she was declared the best student of her generation at the Faculty of Education – Bitola. She has researched in various areas of the language and as a result she has written seven academic papers, published in collections of domestic and international conferences. In 2020 she was chosen to assist in the teaching process at the Faculty of Education – Bitola and she gives exercises in several subjects.

 

Библиографија

 

Публикувани научни трудови

Категоријата обраќање во телевизиските емисии во СМЈ, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Јазикот и културата – состојби и предизвици“ која се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје во 2018 година.

Употребата на придавките во творештвото на Славко Јаневски, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во зборник на трудови од Меѓународниот научен собир „Денови на Благоја Корубин – јазикот во уметничката литература“ кој се одржа во Дојран во 2020 година.

Однадвор дома – Новите зборови (неологизмите) во македонскиот стандарден јазик, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“ која се одржа на платформата Zoom во 2020 година.

Конески, македонскиот јазик и пишаната практика, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во зборник на трудови од Тркалезната маса „Делото на Конески – постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“ која се одржа на платформата Zoom во 2021 година.

Лексиката во „Стерна“ на Блаже Конески, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во зборник на трудови од Филолошките читања „Јазикот и стилот на Блаже Конески“ кои се одржаа на платформата Zoom во 2021 година.

Конески, речникот на македонскиот јазик и пишаната практика, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ која се одржа во Крани во 2021 година.

Простите глаголски форми во насловите од електронските медиуми во РСМ, напишан во коавторство со проф. д-р Виолета Јанушева, објавен во печат за Филолошки студии 2022 година.