Кратка биографија
Елена Бошевска (родена на 31.10.1996 во Битола) е професор по англиски јазик и книжевност. Магистрира и дипломира на Педагошки факултет – Битола. Има објавено краток расказ на англиски во американското книжевно списание: The Dark Corner Zine, во 2020 г. Има напишано четири академски трудови, објавени на интернационални и домашни конференции. Држеше лекторски вежби како демонстратор на Педагошки факултет – Битола од 2020 г. Гостуваше во подкастот Sublimely Gothic, каде што зборуваше на темата „Готските елементи во Песната за мразот и огнот“. Пишува фантастични и хорор кратки приказни и на македонски и на англиски јазик; моментално работи на детска сликовница на македонски јазик и на фантастичен роман кој е исто така напишан на македонски јазик.
Short biography
Elena Boshevska (born on 31. October 1996, in Bitola) is an English language and literature teacher. She received her bachelor’s and master’s degree from the Faculty of Education – Bitola. She published a short story in the American literary magazine ‘The Dark Corner Zine’ in 2020. She has written four academic papers, published in domestic and international conferences. She was a lecturer in the Faculty of Education – Bitola from 2020-2022. She was a guest speaker on the ‘Sublimely Gothic’ podcast, where she talked about the Gothic elements in ‘A Song of Ice and Fire.’ She is a writer of fantasy and horror short stories, both in English and in Macedonian. She is currently writing a fantasy novel, as well as a children’s book, both written in Macedonian.
Библиографија
Публикувани научни трудови
Тhe Nexus between Literature and EFL\ESL Classes, објавен во зборникот од тркалезната маса „Образование, уметност, култура“ која се одржа на Педагошки факулет – Битола во 2018.
Класичните наспроти современите книжевни дела во наставата по англиски јазик, објавен во зборник на трудови од конференцијата „Како си ми?“ која се одржа на Филолошки факултет – Скопје, 2020.
Activities that boost students’ motivation in the English as a foreign language classroom, објавен во зборник на трудови од втората меѓународна научна конференција организирана од страна на Педагошки факултет – Битола, „Надарени и талентирани креатори на прогресот“, 2020.
Politeness strategies – a means for building women’s identity in Gothic novels, напишан во коавторство со проф. д-р Силвана Нешковска, објавен во зборникот на трудови на меѓунродната конференција „Westernization, Europeanization and identity formation in the Western Balkan countries“, организирана од ААБ Колеџот во Приштина, 2021.
Публикувани литературни дела
The Order of the Horned, кратка приказна објавена во американското литературно списание „The Dark Corner Zine“ во 2020.
Подкасти
The Gothic elements in A Song of Ice and Fire and A Game of Thrones, гостуваше во подкастот „Sublimely Gothic“ во 2020.