Инструкции за авторите на трудовите

 

 

ИНСТРУКЦИИ ЗА АВТОРИТЕ

 

 

Редакцискиот одбор на списанието „ПРИЛОЗИ“, што го издава МНД – Битола, ги известува авторите, кои ќе аплицираат со свои трудови, да се придржуваат на наведените инструкции:

 

 

1.  Трудовите, кои се доставуваат да бидат оригинални и редактирани, и претходно да не бидат објавувани.

 

2.  Трудовите да бидат изработени во електронска форма. Авторот до редакцијата доставува еден примерок во печатена форма за лекторирање. По лекторирањето авторот сам си ги внесува корекциите во трудот. Вака корегиран трудот и заверен со лекторски печат, повторно го враќа до редакцијата на списанието. Тогаш авторот доставува еден компакт диск – CD и еден испечатен примерок на трудот.

 

3.  Трудовите да бидат изработени во B5(JIS) (17,6 cm x 25 cm) формат во максимум 8 – 10 страни.

 

4.  Трудовите да бидат изработени во фонт Times New Roman со македонска подршка, со големина на букви  12  и проред Single.

 

5.  На првата страна од трудот треба да се наоѓа:

 

  • Име и презиме на авторот / авторите  (болдирани со големина на букви од 14) со фуснота (со големина на буквите од 10), во која треба да се наведат академското звање, име и презиме на авторот, назив и адреса на институцијата во која е вработен, адреса и е-маил на авторот.
  • Насловот на трудот да биде со големи болдирани букви со големина 14.
  • Извод или апстракт на македонски јазик – да биде во обем од 100 зборови (извадокот да се пишува во трето лице) со единечен проред.
  • Abstract идентичен со извадокот (на еден од светските јазици, пожелно е да биде англиски јазик), над апстрактот на англиски јазик да биде наведен и насловот на трудот преведен на англиски јазик.
  • На последната страна, на крајот од трудот да се напише резиме (summary)  на македонски јазик и на еден од светските јазици, најмногу до една страна.

 

6.  Доколку се работи за трудови кои се дел од магистратура или докторат, во фуснота да се наведе насловот на оригиналот, местото и годината на одбрана на истиот.

 

7.  Цитирањето на изворите-литературата низ текстот да биде со фусноста (фуснотите се наоѓаат на дното од страницата и се обележуваат сукцесивно со арапски броеви). Во текстот цитирањето се врши на следен начин: „…населението во општините се намалило за 20%“. Димитров (2000). Имињата се даваат во оригинал, кирилица или латиница.

 

8.  Библиографијата (користената литература) на цитираните трудови во текстот се класифицира по азбучен ред според презимето на авторот. Во случај да се наведени повеќе трудови од ист автор, најпрво се наведува најрано објавеното дело, а потоа следат другите,  сукцесивно според годината на објавување. Доколку трудот го напишале повеќе од три автори, се цитира само првиот, а се додава и др. Цитираните дела се пишуваат во оригинал (кирилица, латиница или во друго писмо со кои се пишувани).

 

9.  Доколку авторот користи одредници од Интернет во написот треба да се наведат податоци на написот со веб страната; целосниот наслов на сајтот; името на едиторот; составувачот или приредувачот; верзијата или број на томот; времето на публикувањето; вкупниот број страници, параграфи или сегменти; организацијата или институцијата поврзана со сајтот; датумот на пристапувањето-симувањето; како и комплетната спецификација на методот за пронаоѓање на документот; формата на универзалниот локатор на ресурси (URL), во аглести загради:

Birgess, Patricia S. „A Guide for Writing Research Papers Based on Modern Language Association (MLA) Documentation“. Ed. Arthur C. Banks. Humanities Department and Library at Capital Community College, Hartford. 3 pages. April 2002. 18 June 2005.

 

Пристигнатите трудови ги рецензира стручно лице од соодветната област одреден од страна на Уредувачкиот одбор и Редакцијата на списанието. Рецензентот го одредува карактерот на трудот (оригинал, научен труд, преглед…), доколку се согледаат извесни пропусти трудот се враќа назад на авторот. Авторот, корегираниот труд може повторно да го достави до редакцијата, која може да одобри негово објавување во еден од наредните броеви на списанието „Прилози“.

Од неодамна, МНД и Уредувачкиот Совет започна со праксата трудовите да се објавуваат на Web страната на МНД – www.mnd-bitola.mk, каде стои на јавен увид најмалку еден месец. Во таков случај трудот нема потреба да биде рецензиран од стручњак од конкретната област.

 

Председател на Уредувачки совет

Доц. д-р Никола В. Димитров