м-р Зоран Пејковски

 Био-Библиографија за МНД – Битола

Академик Зоран Пејковски

Б И О Г Р А Ф И Ј А

Зоран Пејковски е редовен академик и почесен амбасадор на мирот, а досега низ пројавите во македонската литература докажано е дека е единствениот натуралист во македонската литература. Значи, она што Емил Зола, Ги де Мопасан, Пол Алексис, Анри Сеар, Леон Еник се за француската литература, Антон Павлович – Чехов, како творец на лирската драма, за руската литература, Хенрик Ибзен и Стринберг за скандинавската литература, потоа А. Холц и Г. Хауптман за германската литература, тоа е и академикот Пејковски, како македонски писател во македонската литература. Во овој дел може да се каже дека предавал: Креативно пишување, „Историја на светската драма“ од Силвио Д’ Амико, како асистент на познатиот професор и театролог Дарко Гашпаровиќ од Хрватска, потоа Драматургија, а од неодамна и „Драмата во стих во македонскиот театар“, учебник за студентите по драматургија, и „Патиштата на дијалогот во театарот преку Константин Сергеевич Станиславски и Бертолд Брехт“, учебник за студентите по драматургија, но како асистент на академикот и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕФТА“-Скопје-Париз-Есен-Ротердам, односно Интернационалниот Универзитет „ЕВРОПА ПРИМА“ Јордан Плевнеш. Инаку, редовниот академик и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски својата научна кариера ја започнува како драматург, кој подоцна магистрира драматургија, па потоа прерасна во доц.м-р по драматургија, за на крај да стане и докторант на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, и еве сега академик.

*****

Неговите први почетоци со литературата започнуваат од најрана возраст, како основношколец и средношколец во Битола, за да подоцна, во 1987 година, за прв пат се одигра драмскиот текст „Атомско време“ надвор од Република Македонија, односно на алтернативните сцени во Црна Гора, со што започнува и професионално да се занимава со литературата воопшто.

Па така, како македонски драмски писател, а згора на тоа и единствен натуралист во македонската литература, тој има напишано голем број на рецензии, експертски анализи, коментари, колумни и осврти објавени низ повеќе печатени и електронски медиуми, но има и прилично солиден број на книжевно- драмски, прозни и поетски остварувања. Станува збор за:

ОД  ОБЛАСТА  НА  ДРАМАТУРГИЈАТА

  1. „АТОМСКО ВРЕМЕ“ (трагедија, 1987, одиграна на алтернативните театарски сцени во Црна Гора);
  2. „ПОСЛЕДНИОТ ЧИН НА КОМЕДИЈАТА НА СМРТТА“ (трагикомедија, 1994 г., во 11 сцени, одиграна во сезоната 1994 – 1995 на алтернативни театарски сцени во Македонија);
  3. „ЉУБОВ НА ВЕРЕСИЈА“ (љубовно-еротска комедија 1999 г., во 16 сцени);
  4. „ЗА ЖИВОТОТ, ЉУБОВТА И СМРТТА“ (одиграна во сезоната 2001-2002 на сцената на Народниот театар од Битола, а отпечатена 2011);
  5. „ЗА ЖИВОТОТ, ЉУБОВТА И СМРТТА“ (аудио-монодрама, 2012);
  6. „СОН“ (трагедија, 2013, во 24 слики);
  7. „СИТЕ НАШИ КОДОШИ“ (македонска национална трагедија, 2014, во 11 сцени, претставена и одиграна од актерите на Народниот театар од Битола);
  8. „САМУИЛОВО РАСПЕТИЕ“ (драмска пиеса во стих, 2014, во три сцени, со пролог и епилог);
  9. „ХЕРУВИМИТЕ НА САМУИЛОВАТА КРУНА“ (сценско-драмски рецитал 2014, одигран од актерите на Народниот театар од Битола, по повод 1000-годишнината од смртта на цар Самуил во ракопис);
  10. „СО ЉУБОВ КОН СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ (сценско – драмски рецитал, 2015, одигран од актерите на Народниот театар од Прилеп во ракопис);
  11. „АПОСТОЛСКА ЧУДОТВОРНОСТ“ (драмска адаптација на драмата „Апостолска чудотворност“, 2016 – посветена на св. Климент Охридски, одиграна од актерите на Народниот театар од Прилеп, по повод 1.100 години од неговото упокојување во ракопис);
  12. „ХЕРУВИМИТЕ НА САМУИЛОВАТА КРУГА“ (објавена во книга во 2016);
  13. „ИЗБОР ДРАМИ – ТРАГЕДИИ“ (трагедии, 2016);
  14. „СОВРШЕНСТВО ИЛИ СМРТ“ (драмска пиеса во стих во 6 сцени, со пролог и епилог, 2017 г., посветена на Григор Прличев, пишувана по повод 125- годишнината од неговата смрт – 1893-2018);
  15. „ПОСЛЕДНИ ЧИН КОМЕДИЈЕ СМРТИ“ (трагикомедија во 11 сцени, на црногорки јазик која во сезоната 2017-2018 одиграна е на театарските сцени во Беране, Подгорица, Бјело Поле во Црна Гора, потоа во театарот „Славија“ во Белград и Центарот за култура во Трстеник, во Србија, а во 2018-та година одигран е во театарот „Бата Булиќ“ во Општината Петровац на Млави);
  16. „РЕКВИЕМ ЗА ЉУБОВТА“ (драмска пиеса во стих во 5 сцени, со прилог и епилог, 2017, пишувана по повод 75-годишнината од холокаустот врз македонските Евреи 1943-2018);
  17. „ЗА МАКЕДОНСКАТА БИБЛИЈА“ (сценско-драмски рецитал, 2017, кој ќе се одигра од актерите на Народниот театар од Прилеп, во ракопис);
  18. „REQUIEM FOR LOVE“ (драма во стих, во 5 сцени, со пролог и епилог на англиски јазик, 2017, одиграна во САД);
  19. „REKWIEM DLA MITOS’CI“ (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на полски јазик,2018, одиграна во Полска);
  20. „РЕКВИЕМ ЗА СМРТТА“ (драмска пиеса во стих, во 18 сцени, со пролог и епилог, 2018, пишувана по повод 75-годишнината од убиството на Коста Рацин – 1943-2018);
  21. „RECVIEMUL DRAGOSTEI“ (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на романски јазик, 2018, одиграна во Романија);
  22. „REKWIEM DLA MITOS’CI“ (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на полски јазик,2019, објавена во Полска);
  23. МАЛИ ДЕТСКИ РАЗГОВОРИ“ (пиеса за деца во 4 сцени, 2019);

 

ОД  ОБЛАСТА  НА   ПРОЗАТА

  1. „ГРАДОТ НА ЈУЖНОТО МОРЕ“ (роман, 2015);

ОД  ОБЛАСТА  НА ПОЕЗИЈАТА

  1. „ТЕСНО НЕБО“ (поезија, 1993);
  2. „РЕЛИКВИЈА НА СВЕТЛИНАТА“ (поезија, 1996);
  3. „ОБЛАК ВО ПАНТАЛОНИ“ (препев од руски на поемата на Владимир В. Мајаковски, 1997);
  4. „RELIC OF THE LIGHT“ (поезија на англиски јазик, 1998);
  5. „ФИЛОЗОФИЈА НА СМРТТА“ (поезија, 1999);
  6. „СЕГА ЗНАМ“ (поезија, 2014);
  7. „ДА НЕ МИ Е СОН“ (поезија, 2016);
  8. „ЗЛАТНА ПРАШИНА“ (поезија, 2016);
  9. „SA NU – MI FIE VIS“ (поезија на романски јазик, 2016);
  10. „МАКЕДОНСКИ СТАР И НОВ ЗАВЕТ“ (поема, 2017);
  11. „QUE CE NE SOIT PAS MON RȆVE“ (поезија на француски јазик);
  12. „TA S-NUNJHIBA YIS“ (поезија на влашки јазик);
  13. „ДА НЕ МИ Е СОН“ (поезија на француски, романски и влашки јазик, 2017);
  14. „ЗДИВОТ НА СМРТТА“ (поезија, 2018);
  15. „ОД ПРЕДЦИТЕ ЗА ПОТОМЦИТЕ ИЛИ ЗБРАТИМЕНИ ВО ИМЕТО НА СВОИТЕ ПРЕДЦИ“ (поема, 2019);
  16. „ЗДИВОТ НА СМРТТА“ (аудио книга, стиховите ги говори актерот на Народниот театар од Битола, Борис Чоревски, 2019);
  17. „ВОСТАНИЧКА ПРАВДА“ (поезија, 2019);
  18. „ВОЗОВИ НА СМРТТА“ (поезија, 2020);
  19. „ВРЕМЕ НА САМРАКОТ“ (поезија, 2020);
  20. „МОЈОТ СИН ЕДИНЕЦ“ (поезија, 2020);

ОД  ОБЛАСТА  НА   ПУБЛИЦИСТИКАТА

  1. „ТЕАТАРОТ Е РИТАМ И СТИЛ“ (публицистика, 2002);
  2. „ТЕАТАРОТ Е ФАБРИКА ЗА СОНИШТА“ (публицистика, 2012);
  3. „ОД АМАТЕРИЗАМ ДО ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕАТАР“ (публицистика, посветена на Охридскиот театар,2020);

ОД  ОБЛАСТА  НА НАУКАТА

  1. „ДРАМАТА ВО СТИХ ВО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ (учебник за студентите по драматургија, 2019);
  2. „ПАТИШТАТА НА ДИЈАЛОГОТ ВО ТЕАТАРОТ ПРЕКУ КОНСТАНТИН СЕРГЕЕВИЧ СТАНИСЛАВСКИ И БЕРТОЛД БРЕХТ“ (учебник за студентите по драматургија, 2019);
  3. „ПОЕЗИЈА И КОМУНИКАЦИЈА“ (труд за значењето на поезијата како сретство за комуникација);
  4. „БЕСЕДА ЗА ЕДНА СИЛНА ИНСПИРАЦИЈА (труд посветен на Петре М. Андреевски);
  5. „ДРАМСКИТЕ ПОГЛЕДИ НА ЛИКОВИТЕ КОИ СТРАДААТ“ (труд кон театарските ликови кои страдаат на сцената);
  6. „НОВ АЛЕКСАНДРИТ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА“ (труд кон поемата „Еригон од Александар Кукулев);
  7. „ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СКАЗНА ОД МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА“ (труд кон книгата „Народни сказни од Долни Дримкол“ од Петко Домазетовски“);
  8. „ТЕАТАРОТ Е ЖИВ“ (труд по повод 70-годишнината на Народниот театар од Битола);
  9. „ДОН КИХОТ – ВИТЕЗОТ СО ТАЖЕН ЛИК“ (труд кон претставата „Дон Кихот од Ла Манча“);
  10. „МАГИЧНАТА СЦЕНА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА ГИ ВООДУШЕВИ БИТОЛЧАНИ“ (труд кон сценско-музичкиот настан „Музиката и ние“);
  11. „ЧЕХОВАТА „ВИШНОВА ГРАДИНА“ НОВ РЕЖИСЕРСКИ ПОТПИС НА ЗВЕДАНА АНГЕЛОВСКА“ (труд кон претставата „Вишнова градина“);
  12. „МИЛЕРОВАТА „МЕДЕЈА“ ПРЕДИЗВИКА СИЛНА ЕКСПРЕСИЈА КАЈ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА (труд кон претставата „Медеја“);
  13. „MENDACE VERITAS ИЛИ БАРОНОТ МИНХАУЗЕН БЕШЕ ВО ПРАВО“ (труд кон претставата „Вистинскиот Минхаузен“);
  14. „ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ“ – АЛУЗИВНА ПРЕТСТАВА НА СЕГАШНОСТА“ (труд кон претставата „Јане Задрогаз“);
  15. „МАКЕДОНСКАТА ТРАГЕДИЈА ПРЕКУ ОЧИТЕ НА НЕНАД ВИТАНОВ“ (труд кон претставата „Лет во место“);
  16. „ШЕКСПИРОВСКИ, А, СЕПАК, МАКЕДОНСКИ! ИЛИ ПРИКАЗНА ЗА КРУНАТА“ (труд кон претставата „Хенри Шести“ – трет дел);
  17. „ПРИКАЗНА ЗА ХАОСОТ И ПО 205 ГОДИНИ“ (труд кон претставата „Травничка хроника“);
  18. „ХАМЛЕТ МАШИНА НА СЦЕНАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА“ (труд кон претставата „Хамлетмашина“);
  19. „ПРЕТСТАВА ЗА СЕПРИСУТНОТО ЛИЦЕМЕРИЕ“ (труд кон претставата „Тартиф“);
  20. „ЖЕНСКИОТ ХАМЛЕТ НА СЦЕНАТА НА БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР“ (труд кон претставата „Хеда Габлер“);
  21. „КАДЕ Е УМЕТНОСТА ВО „ЗА ДОМОТ СЕ РАБОТИ“?! (труд кон претставата „За домот се работи“);
  22. „ЦРВЕНКАТА“ (труд кон претставата за хармонијата каква што ја сакаат децата);
  23. БУГАРСКИ РЕЖИСЕРИ НА СЦЕНАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА“;
  24. „ВЛИЈАНИЕТО НА ТВОРЕШТВОТО НА ПЕТАР КАНАВЕЛИЌ ВРЗ ТВОРЕШТВОТО НА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ“;
  25. „ИТАЛИЈАНСКИ ДРАМСКИ АВТОРИ ПРИКАЖАНИ ВО БИТОЛА“; и други.

*****

Инаку, македонскиот драмски писател, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски е преведен и препеан, а неговите драмски пиеси се одиграни на 30 светски јазици, меѓу кои: англиски, француски, српски, хрватски, црногорски, босански, словенечки, руски, бугарски, грчки, албански, португалски, полски, шпански, романски, влашки, монголски, ерменски, украински итн.

*****

Академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, воедно, е член на Друштвото на писатели на Македонија од Скопје од 1995 година; потоа, поранешен член на Собранискиот одбор на Друштвото на писатели на Македонија од Скопје; па член на Македонското научно друштво од Битола и член на неговиот Управен одбор; поранешен претседател на Друштвото на писателите „Битолски книжевен круг“ од Битола; поранешен главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое излегува во рамките на Друштвото на писателите „Битолски книжевен круг“ од Битола; а, воедно, тој е и основоположник и поранешен раководител на Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво, кој работи во рамките на Македонското научно друштво, и поранешен главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое, исто така, излегува во рамките на МНД;

ДОМАШНИ НАГРАДИ  И  ПРИЗНАНИЈА

Како македонски писател, за својот книжевно – драмско – прозни и поетски опус академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои: „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно – просветната заедница на Македонија, во 1992 година; наградата „Празник на липите“, во 2012 година, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, на истоимената Меѓународна книжевна манифестација; наградата „Медијала“ на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“, во 2014 година, како и наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола, за книжевност и литература, за 2014 година, за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ и збирката песни „Сега знам“. Потоа, во 2016 година ја добива наградата „Јован Котевски“ за збирката песни „Златна прашина“, а истата 2016 година ја добива и наградата „ЕРГО СУМ“ за популаризација и афирмација на театарскиот израз, како и наградата „Прозни мајстори“ за романот „Градот на Јужното море“. При крајот на 2016 година од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола ја добива наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата.

Што се однесува пак до 2017-та година, на анонимен конкурс ја добива престижната награда „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски јазик, а станува збор за поемата „Македонски Стар и Нов Завет“. Како и Признанието за најдобар автор претставен пред велешката публика.

А пак во 2018 година, за збирката песни „Здивот на смртта“, ја добива наградата „Орфеј“ од Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.

Воедно Зоран Пејковски во 2019 година ја добива наградата на Меѓународниот театарски фестивал „Театар“ во куфер“, што се одржува во Штип, како и наградата „Книжевен круг за поезија“ за збирката песни „Востаничка правда“.

Во 2020 година Зоран Пејковски ја добива и престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади во 2019 година, за пиесата за деца „Мали детски разговори“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.

СТРАНСКИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Во контекст на добиените награди и признанија од странство, македонскиот драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист Зоран Пејковски во 2016 година, од институцијата Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/ France, е назначен за почесен амбасадор на мирот. Оваа титула му е доделена од Швајцарија и Франција, а таа им се доделува на големите книжевни и уметнички имиња кои ја презентираат литературата од земјата од каде што потекнуваат во европските и светските рамки, но и за нивен придонес за човештвото во Европа и светот, со која титула овие две држави сметаат дека ја донел македонската литература на европските и светските меридијани. Со самото тоа тој како македонски писател прераснува во европски, а би можело да се рече и светски книжевник. Но, во 2016-та година Зоран Пејковски станува и член на Сојузот на независните бугарски писатели.

Исто така, македонскиот драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист Зоран Пејковски, во текот на 2017-та година е примен за редовен член на Друштвото на светските поети „Поетас дел мундо“ –„Poetas delmundo“, со седиште во Чиле. На 25-ти март 2017 година тој од академикот на Чувашката народна академија од претседателот Е.Е Ерагин ја добива Меѓународната награда-Почесен сребрен медал „Елтебер“ за исклучителен придонес меѓу народите на Македонија, Бугарија и Чувашија од Руската Федерација. На 27-ми мај 2017 година македонскиот драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист Зоран Пејковски е прогласен за академик како редовен член на Руската Федерација. А пак од Сојузот на независните писатели на Бугарија, на 18-ти декември 2017 година, ја добива Почесната диплома од академикот Марин Кадиев за неговиот придонес во развојот на македонско-бугарските односи и врски во литературата и Уверението, исто така од 18-ти декември 2017 година, со кое се потврдува дека тој е добитник на највисоката награда, Почесниот златен медал. Што е единствен македонски писател кој ја добива оваа висока награда во литературата. Сега веќе академикот Зоран Пејковски во 2017 година избран е и за редовен член на Хрватското книжевно друштво.

Што се однесува до 2018-та година, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, како македонски драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист, на 18-ти јануари уште еднаш е прогласен со научното звање Чувашки народен академик, како почесен народен академик на Чувашката народна академија, со што тој, всушност, е прогласен два пати за академик. Потоа, на 25-ти мај 2018 година, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски ја добива меѓународната книжевна награда Петар Канавелиќ, која му ја доделува Хрватското книжевно друштво. Некаде во септември 2018 година академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски ја добива меѓународната книжевна награда за литература Klemensa Janickiego од Полска за најдобар драмски текст одигран на тие простори, која повторно можеме да споменеме досега не ја добил ниту еден македонски писател, а пак истиот месец, во септември 2018 година, на академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски му се доделува наградата Европски медал за поезија и уметност „Хомер“ која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел 2018, при Европската Унија. Со која, всушност, се добива титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која досега не ја добил ниту еден македонски писател.

На 8-ми септември пак Министерството за култура на Република Украина му ја доделува Грамотата, односно Наградата од Украинскиот фонд за култура од Киев со што му е доделен и Медалот на оваа висока меѓународна награда, кој повторно е единствен добитник од македонските писатели. Потоа, на 24-ти сепември, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски примен е за почесен член на Сојузот на писателите на Република Украина, кој повторно е единствен македонски писател, а пак Сојузот на писателите на Украина го наградува со Грамота- Награда за литературна критика и посебен придонес во светската литература, која награда повторно не ја добил ниту еден друг македонски писател, за да на 25-ти септември токму од овој Сојуз на писателите на Република Украина го добива и златниот медал „Почесна видзнака“, кој повторно е единствениот македонски писател кој го добива овој почесен медал. На 28-ми септември академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски добива и две меѓународни награди „Радко Радков“ од Сојузот на независите бугарски писатели. Првата ја добива за исклучителен придонес во светската поезија, која повторно досега не ја добил ниту еден македонски писател, а со втората награда „Радко Радков“ тој е прогласен за Витез на литературата за исклучителен придонес во светската поезија, со награда повторно ја добива како единствен македонски писател, овие две награди му се доделени од академикот Марин Кадиев, а пак на 24.05.2019 година ја добива и почесната плакета „Св.Св. Кирил и Методиј“ за високи литературни достигнувања во областа на театарот и драмата, која му ја доделува академикот Марин Кадиев.

НОВИНАРСКА ДЕЈНОСТ

            Академикот и почесен амбададор на мирот Зоран Пејковски, паралелно со книжевно-научните ангажмани, тој се занимава и со новинарска дејност, како и повеќето македонски писатели, кои својата егзистенција паралелно ја барале и во новинарските води. Па така, тој има и богато новинарско искуство. Затоа треба да се напомене дека тој од 1985 до 1988 година работи како новинар – приправник во локалните „Радио Битола“ и „Битолски весник“, потоа еден период работи во Драмската програма на Македонската телевизија чиј уредник е познатиот македонски писател Петре М. Андреевски, а од 1988 до 1994 година работи и како новинар-известувач во Културната редакција на Македонското радио – Радио Скопје; Академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, исто така, од 1991 година до згаснувањето е новинар во првиот дневен независен весник „Република“, чиј директор и главен и одговорен уредник беше Јордан Плевнеш; Но, тој паралелно, од 1991 до 1993 година, работи како новинар во неделникот „Пулс“ од Скопје; А пак од 1994 до 2004 година работи како новинар – дописник во Информативниот политички неделник „Македонско дело“ од Скопје; Воедно, треба да се напомене дека од 1991 до 2001 година работи како новинар – дописник на „Илустрована политика“ од Белград; А пак од 1998 до 1999 година работи како новинар – дописник на весникот „Австралија – Македонија“ од Австралија; Потоа следат и неговите ангажмани од 1991 до 2001 година, кога работи како хонорарен новинар во „Битолски весник“ од Битола; А од 1995 до 2001 година работи и како хонорарен новинар и дописник на Радио „Канал 77“ од Штип; Воедно, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, од 1994 до 1995 година, ангажиран е и работи како новинар – подготвувач во списанието „Нова зора“ од Битола; А пак, од 2002 до 2004 година работи како хонорарен новинар во весникот „Балканска газета“ од Битола; Кусо време тој работи и како пишувач на раскази во списанието „Сведок“ од Скопје.

Што се однесува пак во подоцнежниот негов раст и развој, академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, официјално од 2002 година, бил и директор и главен и одговорен уредник на битолскиот информативен неделник „Јавност“ кој полека прерасна во регионален информативен неделник на Пелагониско-преспанскиот, односно Југозападниот регион на Република Македонија.

Исто така, би требало да се напомене дека академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски од 2000-та година е член на Интернационалната федерација на новинари од Брисел, Белгија, и на реформираното Здружение на новинари на Македонија.