доц.д-р Симеон Цветановски

доц.д-р Симеон Цветановски

Доц. Д-р. Симеон Цветановски роден е на 08.02.1944 година во с.Журче, Демир Хисар. По завршување на основно образование, завршува Учителска школа во Битола во 1963 година, а потоа и Педагошка академија во Битола во 1966 година. Во 1970 год. се запишува на Правниот факултет во Скопје, каде што и дипломира во 1975 година. Јавен правобранител во Јавното правобранителство во Битола. По завршувањето на постдипломските студии на Правниот факултет во Скопје, во 1985 година ја одбранил магистерската теза со наслов „Времето како правен факт за стекнување и престанок на имотни права“ и се стекнува со звање магистер по граѓанско право. Докторира на Правниот факултет во Благоевград пред научниот совет на Вишата атестациона комисија во Софија на 13.11.2007 год. на тема „Роковите како правен факт во граѓанското право компаративно правно прикажување на македонското и бугарското граѓанско право“ и се стекнува со звање доктор по граѓанско и семејно право. Како дипломиран правник со положен правосуден испит во 1977 година избран е на функцијата Јавен правобранител во Јавното правобранителство во Битола. Повеќе години работи како правен советник во Сојузот на синдикати во Битола, бил управник на печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, претседател е на Друштвото за наука и уметност – Битола, потоа избран е за секретар и член на поротниот извршен совет на општина Битола, а во 1996 година, избран е за судија на Основниот суд во Битола се до 2008 година, кога е избран за професор на Факултет за правни науки при Првиот приватен универзитет- Европски универзитет-Република Македонија

Close Menu