Весна Мундишевска-Велјановска е родена 1973 год. во Битола. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Битолскиот книжевен круг.
Автор е на 13 книги поезија, книга со критичко-есеистички текстови и коавтор на книга со песни за деца, а автор и коавтор е и на 6 стручни книги. Нејзината поезија е преведена на повеќе странски јазици. Застапувана е во антологии. Добитник е на наградата за необјавена дебитантска книга поезија во едицијата „Алфа“ (Скопје, 1994) за книгата „Во сонот сон“, награда „Караманов“ за необјавена книга поезија (Радовиш, 2007) за книгата „Вибрации на духот“, наградата на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра песна на манифестацијата „Празник на липите“ (Скопје, 2016), прва награда и јубилејна грамота на меѓународниот славјански конкурс за преводи (Русија, 2017), награда на МНД за научно-образовен придонес (Битола, 2018), награда „Бранувања“ за најдобра песна на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ (Струга, 2019), и бројни други награди за поетски творби.
Главен и одговорен уредник е на списанието за култура – книжевност, драмска уметност, филм и издаваштво – „Современи дијалози“ чиј издавач е Македонското научнo друштво (МНД), член е на Уредувачкиот совет на МНД, а била уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, секретар на Битолскиот книжевен круг, како и претседател на Друштвото за литература и култура „Развиток“ – Битола и на Книжевна младина на Македонија – ОК Битола. Амбасадор на мирот е во Cercle Universel Des Ambassadeurs De La Paix – Suisse/ France од 2016 г.
Vesna Mundishevska-Veljanovska – born in 1973 in Bitola. She is a member of the Macedonian Writers’ Association, Macedonian Sciencе Society – Bitola and Bitola’s Literary Circle.
She is the author of 13 books of poetry, one book of critical-essay texts, co-author of a poetry book for children and the author and co-author of 6 vocational books for teachers. Her poetry has been translated into many languages. She is represented in anthologies. She has won numerous poetry awards: the award for the unpublished debut book of poetry in the edition “Alpha” (Skopje, 1994) for the book “In the Dream – a Dream”, the “Karamanov” award for the unpublished book of poetry (Radovish, 2007) for the book “Vibrations of the Spirit”, the award of the Macedonian Writers’ Association for the best poem at the international “Linden Festival” (Skopje, 2016), first prize and jubilee plaque at the international Slavic translation competition (Russia, 2017), Macedonian Sciencе Society’s award for scientific and educational contribution in 2018, award “Branuvanja” for the best poem at the Festival “Struga Literary Encounters” (Struga, 2019) and other awards.
She is Editor-in-chief of the Journal of Culture – Literature, Drama, Film and Publishing – “Contemporary Dialogues” (Macedonian Science Society), a member of the Macedonian Science Society’ Editorial Board, and was the editor of the Journal of Literature, Art and Culture “Growth”, Vice President of the Bitola’s Literary Circle, as well as President of the Literature and Culture Association “Razvitok” – Bitola and of the Literary Youth of Macedonia – Bitola. She has become Ambassador of Peace in Cercle Universel Des Ambassadeurs De La Paix – Suisse/France since 2016.
Објавени книги/ Published books:
- „Во сонот сон“/ “In the Dream – a Dream” (1994), поезија/ poetry
- „Неспокојно сонце“/ “Disturbed Sun” (1997), поезија/ poetry
- „Ден-денување“/ “Day-daybeing” (1999), поезија/ poetry
- „Птицоврик“/ “Bird’s Scream” (2000), поезија/ poetry
- „Вонземски сводови“/ “Extraterrestrial Arches” (2001), поезија/ poetry
- „Вибрации на духот“/ “Vibrations of the Spirit” (2007), поезија/ poetry
- „Поетски дијалог“/ “Poetic Dialogue” (2010), поезија/ poetry, коавтор: Милица Димитријовска-Радевска/ coauthor: Milica Dimitrijovska-Radevska
- „ДвОглед“/ “TwOculars” (2015), поезија/ poetry
- „Вибрации на духот“/ “Vibrations of the Spirit” (2015), второ издание/ second edition
- „Срцевина/ Njedz di inimā“/ “Marrow/ Njedz di inimā” (2016), избор од поезијата на македонски и влашки јазик/ poetry in Macedonian and Vlach language
- „Калеидоскоп“/ “Kaleidoscope” (2017), критички осврти и видувања/ book of critical-essay texts
- „ДвОглед/ DaOvider“/ “TwOculars/ DaOvider” (2017), на македонски и влашки јазик/ in Macedonian and Vlach language
- „У чаури века“/ “In the Cocoon of the Century” (2019), избор од поезијата на српски јазик/ poetry in Serbian language
- „Сообраќајна песнарка“/ “Traffic Poems” (2019), poetry for children, коавтор: Даниела Андоновска-Трајковска/ coauthor: Daniela Andonovska-Trajkovska
- „КонтинуУМ“/ “ContinuUM” (2020), поезија/ poetry